Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 25-тото коло во Втора Фудбалска Лига. До крајот на првенството остануваат да се одиграат уште само шест кола во кои неколку екипи стравуваат за второлигашкиот статус.
Екипата на „Осогово“ е една од тие екипи кои до последното коло ќе се бори да остане во второлигашката конкуренција. Ако досега медиумите и публиката беа тие кои директно или индиректно го подржуваа клубот надевајќи се дека работите ќе кренат на подобро, во останатите шест кола тоа мора да го сторат исклучиво играчите, стручниот штаб па и управата.
„Осогово“ утре и гостува на екипата на „Кожуф“ против која било во Кочани, било во Гевгелија тешко излегува на крај. Слабата игра преку целото првенство со исклучок на неколку натпревари е она што ги „краси“ „жолто-сините“, по што и се најдоа онаму каде и што се сега на табелата.
Ако кочанчани имаат желба и следната година да игра во второлигашкото друштво уште од утре играчите и стручниот штаб треба се да стави во интерес на клубот, да гинат за секоја топка, да го остават срцето на теренот и да конечно донесат радосни моменти за љубителите на фудбалот во „градот на оризот“. Секој друг резултат во Гевгелија освен победа за „Осогово“ тешко дека ќе биде гаранција за мирна второлигашка завршница.
Двојки од 25-тото коло:
„Кожуф“ – „Осогово“
„Пелистер“ – „Охрид“
„Аресими“ – „Беса“
„Скопје“ – „Тетекс“
„Вардар“ (Н) – „Башкими“
„Караорман“ – „Победа“
„Детонит Плачковица“ – „Беласица“
„Каменица Саса“ – „Новаци“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ