Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се крева завесата на годинешниот шампионат во Втора Фудбалска Лига.
Во првото коло „Осогово“ му е домаќин на „Вардар“ од Неготино, екипа против која во минатото првенство освои само еден бод, 2:2 Во Кочани и 0:3 во Неготино.
Според фудбалските стручњаци четири екипи ќе се борат за првите две места и за местото кое води во бараж натпреварите, Македонија ГП, Брегалница (Штип), Детонит Плачковица и Аресими се вбројуваат во кандидатите за првите четири мета, но нема да биде изненадување ако во трката влезат и Скопје Беласица и Охрид.
Двојки за првото коло:
Осогово – Вардар (Н)
Скопје – Вардарски
Кожуф – Каменица Саса
Детонит Плачковица – Новаци
Брегалница (Ш) – Победа (П)
Борец – Башкими
Македонија ГП – Охрид
Аресими – Беласица
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ