НИКОЛА КУЗМАНОВ И „СЛОГА 1934“ СЕ РАЗДЕЛИЈА

Во Спорт
јули 4, 2022
0 минути

Никола Кузманов не е повеќе Шеф на стручниот штаб на виничкиот второлигаш. Откако не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката тие и официјално се разделија.

„Не успеавме да се договориме за продолжување на соработката за наредната сезона. Заминувам од клубот горд на постигнатиот резултат во минатото првенство. На Слога и посакувам успех понатака“ стои во пораката што пред малку ја добивме од Никола Кузманов.

Кузманов како Шеф на Стручниот штаб на „Слога 1934“ постигна одлични резултати во минатото првенство. Тоа што „Слога 1934“ од лидер во првенството во последните три кола падна на третата позиција е само сплет на разни околности. Но како и да е постигнатиот резултат на „Слога 1934“ во минатото првенство е за почитување.

С. Ивановски