ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЗАГУБИ, НО НЕ РАЗОЧАРА

Во Спорт
октомври 25, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 9-тото коло кое пред една седмица беше одложено поради Локалните избори.

Екипата на „Осогово“ на тешкото гостување кај еден од претендентите за највисок пласман „Шкендија“ (А) претрпе пораз. Кочанчани загубија, но не разочараа, напротив сакаа да се надигруваат, напаѓаа кога ќе добиеја можност, но домаќините упорно и со многу голема борбеност успеаја да го сочуваат раното водство.

Натпреварот беше решен во 9’, кога по десната страна беше досуден слободен удар за домаќините. Ударот го изведе некогашниот играч на „жетварите“ Фикрет Љиварека, тој упати остар центаршут со десната нога, топката ги прелета сите отскокна пред голот на „Осогово“ и заврши во горниот лев агол на немоќниот Ѓорѓи Јованоски.

Лидерот „Брегалница“ рутинирано славеше на гостувањето кај дебитантот во лигата „Големо Коњари“ а „Преспа“ по пресврт го совлада „Тетекс“ на свој терен.

Во Охрид „рударите“ од Македонска Каменица иако први поведоа сепак на крајот доживеаја вистински потоп. Екипата на „Скопје“ во последната минута го скрши отпорот на гостите од Новаци, а „Победа“ во судиското надополнување стигна до три големи бода во Струмица.

„Детонит Плачковица“ прокнижи нови три бода во дуелот со „Вардар“ (Н) а во Виница ништо ново, „Слога“ без постигнат гол и понатака па бодовите заминаа за Гевгелија.

Резултати од 9-тото коло:

Шкендија (А) – Осогово  1:0

Преспа – Тетекс  3:1

Охрид – Каменица Саса  6:1

Скопје – Новаци  1:0

Големо Коњари – Брегалница  0:2

Детонит Плачковица – Вардар (Н)  3:1

Слога 1934 – Кожуф  0:2

Беласица – Победа  1:2

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ