СОСТАНОК ВО ПРЕСРЕТ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ПИОНЕРИ, КАДЕТИ И МЛАДИНЦИ

Во Спорт
септември 4, 2024
1 минути

Во организација на Боречката федерација на Македонија синоќа во Хотел „Изгрев“ во Штип се одржа состанок во пресрет на Балканското првенство во боење за пионери, кадет и младинци, момчиња и девојчиња.

На состанокот на кој присуствуваа претставници од сите боречки клубови во Македонија беа дадени предлози околу изборот на тренери кои би ги спровеле подготовките и би ја воделе репрезентацијата на Балканското првенство.

„Ме радува тоа што на состанокот кој беше доста конструктивен присуствуваа претставници од сите клубови во државата. На истиот беа дадени предлози кои тренери ќе ги спроведат подготовките кои ќе се организираат во Штип и ќе бидат на чело на репрезентацијата на Македонија на самото Балканско првенство. Првенство од ваков тип за прв пат се одржува во нашата држава за што мора сите да бидеме горди“ истакна Претседателот на Боречката Федерација на Македонија Дејан Богданов.

Самото Балканско првенство за пионери, кадети и младинци за момчиња и девојчина ќе се одржи од 03-06. Октомври оваа година во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ