ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПОБЕДАТА КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА КОЧАНЧАНИ

Во Спорт
септември 12, 2025
1 минути

Во сабота се играат натпреварите од 4-тото коло во Втората Фудбалска Лига.

Во Кочани „Осогово“ ја пречекува екипата на „Скопје“, екипа со која имаше доста мака во претходните сезони. Во минатото коло кочанчани загубија во Охрид па сега победата против екипата на „Скопје“ е како императив за „жетварите“. Во редовите на „жолто-сините“ владее оптимизам и најава за освојување на нови три бода, но до победата ќе треба да се вложи доста труд и ефикасност.

Екипата на „Скопје“ сепак нема да биде лесен „залак“ за играчите на Шефот на стручниот штаб на „Осогово“  Крсте Крстев. Годинава екипата на „Скопје“ е со доста изменет состав и на теренот и на клупата. Се направи селекција од доста млади играчи кои знаат да играат фудбал а се предводени од докажано фудбалско име Александар Таневски.

Двојки од 4-тото коло:

Осогово – Скопје

Тетекс – Слога 1934

Беласица – Детонит Плачковица

Шкендија (А) – Големо Коњари

Победа – Охрид

Кожуф – Преспа

Вардар (Н) – Каменица Саса

Брегалница – Новаци

Натпреварите започнуваат во 15:30 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ