БК „СПАРТАК“ – ЧЕТИРИ БОРАЧИ, ЧЕТИРИ МЕДАЛИ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „ТОНИ ТАНЧЕВ“

Во Спорт
октомври 14, 2023
0 минути

Борачите на „Спартак“ од Кочани со цел да ја одржат добрата форма продолжуваат со учествово  на турнирите.

Денес четири борачи, од кои двајца во машка и две во женска конкуренција  учествуваа на Првиот Меѓународен меморијален турнир „Тони Танчев“ кој се одржа во Конче (Радовиш) и се закитија со два златни еден сребрен и еден бронзен медал.

Славица Митева во категоријата до 44 килограми и Даријан Павлев во категоријата до 58 килограми се искачија на највисокото место на пиедесталот. Павел Темелков во категоријата до 64 килограми заврши како втор а Стојана Митева во категоријата до 48 килограми беше трета.

Одличен организатор на турнирот беше Боречкиот клуб „Бучим шампиони’ од Конче, а на турнирот зедоа учество повеќе од 70 борачи од речиси сите клубови од Македонија како и претставници од два клуба од Косово.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ