По две недели пауза денес продолжија натпреварите во Втора Фудбалска Лига. Се одиграа натпреварите од 5-тото наместо 4-тото коло во кое фаворитите за највисок пласман се лизнаа и тоа како домаќини.
Смената на Шефот на стручниот штаб во „Осогово“ се покажа засега како добар потег, бидејќи уште на своето деби новоименуваниот Шеф на стручниот штаб на кочанчани Горанчо Георгиев дојде до голем бод и тоа во Штип кај лутиот ривал „Брегалница“.
Кочанчани одиграа добар натпревар. Се бореа за секоја топка и во споредба со досегачните натпревари покажаа добра физичка подготвеност.
Гледачите видо два погодока по еден во мрежата на домаќините и на гостите и кога се ќе се собере ова е и најправеден резултат.
Домаќините поведоа во 34’ со голот на Иван Галевски, додека „жетварите“ до драгоцениот бод стигнаа во 86’ кога нововлезениот мари Симоски еден од најталентираните играчи во својата генеација кога по ударот со глава ја затресе мрежата на штипјани.
Овој бод ќе добие на тежина доколку веќе во Среда кочанчани успеат да ја совладаа мошне добрата екипа на „Детонит Плачковица“ во натпревар од 04-тото коло.
Резултати од 05-тото коло:
Брегалница – Осогово 1:1
Кожуф – Вардар 3:2
Детонит Плачковица – Скопје 1:0
Борец – Вардарски 3:1
Македонија ГП – Каменица Саса 1:1
Аресими – Новаци 1:0
Беласица – Победа 1:1
Охрид – Башкими 0:1
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ