ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, УТРЕ (ВТОРНИК) ВОНРЕДНО КОЛО

Во Спорт
октомври 28, 2024
1 минути

Утре (Вторник) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 10-тото, вонредно коло во Втора Фудбалска Лига.

„Осогово“ ја пречекува екипата на „Охрид“ кој со последните игри и освоени бодови се искачи во горниот дел на табелата. Кочанчани ќе бидат ослабени со неиграњето на поцрвенетите играчи во изминатите две кола. Инаку охриѓани се големи должници на „жолто-сините“ од минатото првенство. Во Кочани „Охрид“ славеше со 3:0, а на домашен терен со 5:0, па утре е шансата „Осогово“ да наплати за овие два порази.

Двојки за 10-тото коло:

Осогово – Охрид

Вардар (Н) – Новаци

Каменица Саса – Победа

Вардарски – Башкими

Скопје – Беласица

Кожуф – Аресими

Детонит Плачковица – Македонија ГП

Брегалница – Борец

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ