ВРЕМЕ КОГА ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ БЕА И ФУДБАЛЕРИ И МАНЕКЕНИ

Во Спорт
ноември 15, 2022
0 минути

Фотографиите барем така пишува на позадината се направени пред 45 години кога играчите на „Осогово“ беа и големи фудбалери, рака на срце и манекени. За да изгледаат вака убаво и да личат на тим се погрижи тогашната мошне активна управа на клубот и Конфекцијата „Први мај“ од Пирот.

Бидејќи многумина тогаш не биле ниту родени а ниту живееле во Кочани како информација дека некои од фотографиите се направени пред продавницата на „Први мај“ во Кочани на денешната улица „Димитар Влахов“ дваесетина метри јужно од „триаголникот“ а другите се направени во кругот на тогашниот Хотел „Турист“ кој некогаш беше имиџот на Кочани а денес е ругло и потенцијален извор на заразни болести.

Какви и да беа тогаш времињата фудбалот се играше од срце, по десетина минути се чекаше да се влезе на едната трибина за седење и на другата за стоење од источната страна, бидејќи сите чекаа ред да купат влезници со што и тие на некој начин го помагаа клубот.

Тоа беше време на единство, време на голема поврзаност на градот со клубот.

Ќе ги бараме уште долго тие времиња.

Да се знае, да не се заборави.

С. Ивановски