ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО СТРУМИЦА НАТПРЕВАР ЗА ПЕТОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА

Во Спорт
април 2, 2026
1 минути

Во сабота со почеток во 15:30 часот се играат натпреварите од 23. коло во Втора Фудбалска Лига.

Пролетниот хит во првенството „Осогово“ ќе има тешко гостување во Струмица. Беласица моментное  со два бода предност пред „Осогово“ па ова ќе биде борба за петата позиција. Пролетта „жетварите“ во Кочани ја совладаа „Беласица што е мотив повеќе да се игра и на победа во Струмица.

Играчите на „Осогово“ на чело со тренерот Крсте Крстев кој мошне добро ја води екипата во второлигашките води оваа пролет покажаа дека немаат страв од ниту една екипа, сите ги респектираат но играат мудро и како плод на таквата игра се шесте победи од седумте што ги одиграа оваа пролет.

Двојки од 23-тото коло:

Беласица – Осогово

Шкендија (А) – Тетекс

Слога 1934 – Победа

Детонит Плачковица – Кожуф

Големо Коњари – Вардар (Н)

Скопје – Брегалница

Охрид – Новаци

Преспа – Каменица Саса

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ