По двете пролетни кола одиграни на гостински терен, конечно „Осогово“ во сабота во рамките на 18-тото коло од Втората Фудбалска Лига ќе го одигра првиот пролетен натпревар пред своите гледачи. Противник ќе им биде ни малку наивната екипа на „Кожуф“, но за „жетварите“ секој друг резултат освен победа ќе значи катастрофа..
Играчите на „Осогово“ и Стручниот штаб се свесни за значењето на овој натпревар па затоа ќе мора во сите деведесет минути да бидат концентрирани на својата игра, да одиграат борбено за секоја топка за да дојдат до трите бода со што ќе се даде и еден печат на минатонеделниот освоен бод во Скопје.
Двојки за 18-тото коло:
Осогово – Кожуф
Вардар – Скопје
Вардарски – Детонит Плачковица
Каменица Саса – Брегалница
Новаци – Борец
Победа – Македонија ГП
Башкими – Аресими
Охрид – Беласица
Натпреварите започнуваат во 14:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ