По пауза од две седмици во Недела со почеток во 15:00 часот продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига.
На програмата требаше да биде 04 коло, но поради големиот пропуст и подзаборавеноста во ФФМ дека во терминот на 04 коло треба натпревар да одигра Аматерската Репрезентација на Македонија, во Недела на програмата ќе бидат натпреварите од 05 коло, а веќе во Среда ќе се вратиме на натпреварите од 04 коло. Но што е тука е.
„Осогово“ предводено од новиот Шеф на Стручниот штаб Горанчо Георгиев е пред тежок испит, гостуваат во Штип кај еден од главните претенденти за освојување на првите две места и враќање во Првата Фудбалска Лига.
Двојки за 05 коло:
Брегалница – Осогово
Кожуф – Вардар
Детонит Плачковица – Скопје
Борец – Вардарски
Македонија ГП – Каменица Саса
Аресими – Новаци
Беласица – Победа
Охрид – Башкими
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ