ФК „СЛОГА 1934“ – ВИНИЦА: ИЗЈАВА ДО ЈАВНОСТА

Во Спорт
септември 29, 2023
1 минути

Изјава до Виничката спортска јавност од капитенот на Слога 1934 Виница – АЦЕ Илиев, играчите, стручниот штаб и управата на клубот.

Почитувана  фудбалска јавност,

Сакаме да Ве информираме дека во изминатите десетина дена ние како играчи и стручен штаб на нашиот и ваш клуб не сме во тренажен процес, односно не тренираме.

Веќе два и по месеци како сме дел од оваа екипа и од кога почнавме припреми за експресно враќање на клубот во ВМФЛ каде што му е и местото, сакаме да ве известиме дека се соочуваме со голем број проблеми.

Сакаме да ве информираме дека клубот е во очајна финансиска состојба и до сега управата на клубот успеваше само да обезбеди финансии колку толку да се покријат барем патните трошоци на екипата. Сепак за функционирање на клубот  и натпреварување потребно е да бидеме исплатени и ние играчите, кои се собравме и покрај сите проблеми и сме спремни за борба за враќање во ВМФЛ.

Бараме итна реакција од:

-Градоначалникот на Општина Виница;

-Секретарот на општината,

-Советот на Општина Виница, како и

-Бизнис секторот во општината за помош на единствениот спортски колектив  во општината.

Иако клубот се обиде со продажба на сезонските карти да го регулира овој дел за нашите примања, но тоа не е доволно да се решат договорените средства, односно собрани се средства само за помирување на основните работи за да можеме да се натпреваруваме.

Јас како капитен и ние како екипа во недела ќе излеземе на теренот и ќе го одиграме со срце овој натпревар, за клубот, за нас, и за неколкуте луѓе кои се во управата на клубот.

После натпреварот остануваме на нашата одлука за не присуство на тренинзите, а ќе бидеме принудени и за не играње на следните натпревари се додека не се реши финансискиот дел на играчите и на стручниот штаб.

За крај апелираме до сите субјекти во градот да ја тргнат политиката од спортот, да ги тргнат на страна личните проблеми меѓу себе и да седнат и размислат дали треба да постои овој клуб и дали треба да се игра фудбал во Виница.

Спортски поздрав од капитенот на екипата со играчите, стручниот штаб и управата на ФК Слога 1934 Виница.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ