ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ 27. ИЗДАНИЕ „ДЕНОВИ НА МЕДОТ – КОЧАНИ 2024“

октомври 15, 2024
1 минути

Во организација на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани во Сабота и недела (19-20. Октомври) во „Паркот на револуцијата ќе се одржи 27. издание на манифестацијата „Денови на медот Кочани – 2024“.

Свеченото отворање е во сабота во 11:00 часот а на штандовите освен производи од мед ќе биде изложена и пчеларска опрема.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија како и од Локалната самоуправа Општина Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ