На 7 јануари, првиот ден од големиот христијански празник Божиќ, во Градскиот парк во Кочани настапи македонската пејачка Александра Јанева.
Дневната празнична забава ги собра љубителите на поп-музиката, кои уживаа во интерпретацијата на Јанева.
Настапот на Александра Јанева е дел од празничната музичка програма што во организација на Општина Кочани и Пролет-бар започна во декември, а во чии рамки беше и дочекот на Новата 2025 година.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ