Под менторство на професор Благој Николов, Бјанка Димов и Јован Цветанов денес во „градот на конзулите“ на Државниот натпревар по Теорија на музика ги освоија специјалните награди, највисокото признание за основците по музичко образование.
И двајцата се ученици во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани а денес тие во натпреварот што се одржа во Државното музичко училиште во Битола стигнаа до максималниот број на поени со што уште една докажаа дека се е ова плод на едно систематско работење.
Кочани продолжува да се гордее со ваквите признанија што ги освојуваат неговите ученици.
Порталот „комарец“ упатува искрени честитки до Бјанка Димов, Јован Цветанов и нивниот ментор професор Благој Николов.
Не застанувајте овде, продолжете со уште поголемо темпо до нови вакви големи признанија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ