Изведувачите не ја завршија работата до крај, левиот тротоар на Кочанска река на улицата „Борис Трајковски“ остана да чека кога ќе бидат поставени бекатон плочите или пак е оставен во оваа состојба да биде дел од ветувањата на претстојните Локални избори.
Вака како што моментно изгледа воопшто не е добро. Минувачите немаат сигурност движејќи се по него а и сликата е повеќе од лоша.
Дали изведувачот е само виновен или инвеститорот не платил треба да одговорат од Локалната самоуправа бидејќи работите на оваа улица запознаа пред година дена.
Жителите од улицата „Борис Трајковски“ апелираат час поскоро да се заврши со овој тротоар бидејќи во време на дождови тие навистина не можат да се движат по него а движењето по самата улица е опасно бидејќи истата е доста фреквентна.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ