ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА СЕМЕЈСТВО ВО НИВНИОТ ДОМ

април 25, 2022
0 минути

На 23.04.2022 во 22.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Ќ.А.(46) од Кочани поради тоа што околу 21.30 часот откако дошол до домот на С.А.(40) од Кочани со употреба на сила, ја скршил влезната врата од куќата, влегол внатре, и со тврд предмет физички ја нападнал неа и членови на нејзиното семејство.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР