ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „МУГРИ“ И ОРКЕСТАРОТ ЗА ИЗВОРНИ НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА

октомври 22, 2023
1 min read

Во организација на ФА „Мугри“ и оркестарот за изворни народни песни и ора што работи при НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, синоќа во преполната сала на „Бели Мугри“ беше одржан Завршниот концерт на ФА „Мугри“ и оркестарот за изворни народни песни и ора.

Годинава фолклористите и членовите на ФА „Мугри“  беа многу активни во однос на настапите како во во земјава, така и во странство, на кои освоија бројни награди и признанија.

Самиот фолклорен анасмбл „Мугри” при Националната установа-Центар за култура „Бели Мугри” – Кочани активно работи од 2011 се со цел да го истражува и негува фолклорот од Осоговијата. Заедно со оркестарот за изворни народни инструменти претставуваат една силна спрега на фолклорни вредности што носат резултати. Тоа го докажаа на повеќе фестивали во државата и странство, каде освоија многубројни награди и признанија меѓу кои и значајни гранд – при награди.

На задоволство на публиката која салата во „Бели Мугри“ ја наполни до последното место на настанот освен настапот на организаторот, се појавија повеќе фолклорни ансамбли од земјата како и од соседна Република Србија.

На крајот задоволството беше обострано, публиката од изведбите а учесниците од приемот и аплаузите кои ги добија на отворена сцена.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ