ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО НОВИ ТРИ БОДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА

Во Спорт
октомври 8, 2023
1 минути

Девојчињата на „Кочани“  со нови три бода освоени во Велес се враќаат дома. Четата на тренерот Оливер Јовановски и после четвртото коло останува на делба на првото место со максимален број на освоени бодови.

Во натпревар на некогашните шампиони во Велес „Кочани“ со головите на Андреа Донева 12’ 69’, Симона Веселинова 15’, Јасна Златкова 29’, Надица Гелева 80’ и Елена Нанева 90’ го совлада „Борец“ со 6:0 (3:0).

Резултати од 4-тото коло:

„Борец“ – „Кочани“  0:6

„Вардар“ – „Порече“  3:0

„Победа Валандово 16“ – „Плачковица“  1:4

„Билјанини извори“ – „Атлетико“  0:12

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ