ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕДОСЛЕДОТ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

април 1, 2024
0 минути

Општина Кочани ги известува организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати  од Државната изборна комисија, за избор на претседател на Република Северна Македонија и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија дека согласно Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување на места за истакнување изборни плакати и утврдување услови за добивање право за користење на местата за истакнување на изборните плакати на подрачјето на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.6/2006), на 04.04.2024 година, со почеток во 12:00 часот во салата за состаноци во Општина Кочани, Општинската администрација ќе изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на изборите за избор на претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, на места определени со Одлуката на Советот на Општина Кочани.

Организаторите на изборна кампања за да можат да учествуваат на ждребувањето, покрај потврдени листи, потребно е до Градоначалникот на Општина Кочани да поднесат барање за користење на местата за истакнување на изборни плакати, најдоцна до 04.04.2024  година, до 10.00 часот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ