Со головите на Тоше Манов и Фикрет Ливарека (2) денес на стадионот во Пехчево „Осогово“ ја совлада условно кажано „домашната“ „Брегалница“ (Штип) со резултат 3:1 (2:0).
Според нашиот известувач „жетварите“ одиграле мошне добар натпревар во кој знаеле што сакаат па ниту во еден момент нивната победа не била доведена во прашање.
„Осогово“ по првото полувреме имал сигурно водство од 2:0 со головите на Тоше Манов и Фикрет Ливарека. Домаќините единствено на овој натпревар успеале да го намалат водството на кочанчани но со вториот гол на Фикрет Ливарека се било познато до крајот.
Ова е инаку втор натпревар на „жолто-сините“ во овие подготовки и навестување на едно подобро утре.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ