ЖФК „КОЧАНИ“ ТРИ КОЛА, ТРИ ПОБЕДИ

Во Спорт
октомври 1, 2023
1 минути

ЖФК „Кочани“  продолжи да реди победи. И во третото коло забележа победа и сега со максимален број на бодови е на делба од првото до третото место.

Кочанчанки во ова коло со головите на Андреа Донева 4’37’42’, Симона Веселинова 52’, Ангела Стојменова 67’ и Глорија Стојмилова 73’ ја совладаа екипата на „Билјанини извори“ со 6:2 (3:1), стрелци за гостинската екипа се Тамара Лазесак 11’ и Ивана Николоска 77’.

Резултати од 3-тото коло:

„Кочани“ – „Билјанини извори“  6:2

„Борец“ – „Вардар“  0:10

„Атлетико“ – „Победа Валандово 16“  9:0

„Плачковица“ – „Порече“  4:1

Во следното коло „Кочани“ и гостува на екипата на „Бпорец“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ