Жителите од улицата Илинденска на која неодамна беше поставен нов слој асфалт е речиси пред пропаѓање. Како што истакнуваат откако се завршило со асфалтирањето механизацијата си заминала а работата останала недовршена.
Имено на долниот дел од улицата бил поставен потпорен ѕид кој е оддалечен од самиот крај на улицата можеби повеќе од еден метар. Растојанието не се потполнило со земја и секој момент тие очекуваат улицата да почне да се свлекува.
Како што истакнуваат неколкупати се јавувале кај одговорните во општината за да предупредат на опасноста но речиси секогаш кога ќе им се јавеле ќе им рекле дека моментно разговараат на другиот телефон и дека после ќе се слушнат. И тука разговорот завршувал.
Не знаат каде уште да се јавуваат за да си ја спасат улицата а и нивните семејни домови, бидејќи како што итакнаа доколку им биде направена штета ќе бараат судска разрешница.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ