ЗЛАТКО НИКОЛОВ ГО ОСВОИ „CHUPINO TRAIL 2023“

Во Спорт
август 30, 2023
1 минути

Во саботата Виница беше домаќин на 4-тата трка „Chupino trail“. Се трчаше на 32 километри и на 16 километри а стартот и целта беа во „Градскиот парк“.

Забележителен настап имаа претставниците од Кочани, а секако импресивен беше настапот на Златко Николов кој во трката на 32 километри со висинска разлика од 1.600 метри и истрчано време од 3 часа и 50 минути го освои првото место.

Место на пиедесталот обезбеди и Благој Веселинова, кој трчаше на патеката од 16 километри со висинска разлика од 550 метри. Со истрчано време од 1 час и 27 минути Веселинов го освои третото место.

Добра трка имаа и Ангела Величкова (4-то место), Анита Китанова (6-то место) и Кристијан Блажев (6-то место) сите тројца на патеката од 16 километри.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ