ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЧЕТИРИ ЕКИПИ СО МАКСИМАЛЕН БРОЈ ОСВОЕНИ БОДОВИ

Во Спорт
август 27, 2022
0 минути

Се одигра натпреварите од второто коло во Втора Фудбалска Лига. На пет натпревари славеа домашните две средби завршија без победник додека само на еден натпревар гостите излегоа како победници. Постигнати се 18 погодоци или во просек 2,25 по натпревар. Четири екипи се со максимален број на бодови, а пет екипи и по двете одиграни кола се без ниту еден освоен бод.

„Рударите“ од Македонска Каменица го претрпеа и вториот пораз во ова првенство. Тие денес се поразени во Гостивар од истоимената екипа, а голот кој го примија беше во самиот финиш на натпреварот. Во Виница „Слога 1934“ по победата во Велес не успеа да ги совлада „рибарите“ од Струга, натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат а гостите се тие што треба да жалат за двата бода бидејќи во финишот на средбата не реализираа удар од белата точка.

„Детонит Плачковица“ предводена од Горан Здравков беше поуспешна во Тетово од домаќинот „Тетекс“ и со новите три бода е на делба на првото место со уште три екипи.

„Беласица“ со петарда го почести подмладениот состав на „Борец“ а „Воска“ и „Вардар“ рутинирано стигнаа до победите. „Аресими“ како гости ги изненадија Гевгеличани додека фаворитот за највисок пласман „Пелистер“ не успеа да ја „отклучи бравата“ на „Беса“.

Резултати од 02 коло:

„Слога 1934“ – „Караорман“  0:0

„Гостивар“ – „Каменица Саса“  1:0

„Пелистер“ – „Беса“   0:0

„Беласица“ – „Борец“  5:0

„Воска“ – „Пехчево“  3:0

„Тетекс“ – „Детонит Плачковица“  1:3

„Вардар“ – „Охрид“  2:0

„Кожуф“ – „Аресими“  1:2

ТАБЕЛА:

С. Ивановски