ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ЕСЕНСКА ПОЛУСЕЗОНА – ГФК „ОСОГОВО“ НА ДЛАНКА

Во Спорт
декември 13, 2022
1 минути

По одиграните 11 кола од есенскиот дел на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток минатогодишниот второлигаш „Осогово“ со 9 победи и 2 нерешени средби и освоени  29 бода е на првата позиција со реални шанси на тоа место да го дочека и крајот на првенството.

Веднаш зад кочанќани со шест бодови заостанување се „Тиверија“ и „Овче Поле“, екипи кои на пролет гостуваат во „градот на оризот“.

Кочанчани не стартуваа според очекувањата, во второто коло во Берово едвај извлекоа нерешен резултат а во 4-тото загубија во Градско Балдовци од домаќинот „Спартмани“ но како се подоцна испостави дека за домаќините настапил играч што немал право, „Осогово“ ги доби бодовите на зелената маса и потоа во низа нанижа шест победи и едно реми во последното коло во Струмица против солидната екипа на „Тиверија“ што беше доволно за освојување на есенската титула.

МАНОВ  ТОШЕ  СО  НАЈМНОГУ  МИНУТИ  ПОМИНАТИ  НА  ТЕРЕНОТ

Во есенскиот дел од првенството вкупно 24 играчи ги бранеле боите на кочанскиот третолигаш. Најмногу минути (966) има одиграно капитенот Манов Тоше кој ги одигра сите 11 натпревари.

Ранг-листа на играчи според минути поминати на теренот.

966 Манов Тоше (11), 923 Донев Филип (11), 900 Стоиловски Никола (10), 827 Крстов Христијан (11), 783 Коцевски Андреј (10), 764 Дојчинов Јован (9), 736 Ѓорѓиев Љубомир (9), 653 Ѓеоргиевски Филип (8), 613 Соколов Марко (11), 613 Тренчев Стојанче (8), 608 Цветанов Драган (9), 520 Бојажиев Филип (6), 479, Стефановски Стефан (11), 442 Стојанов Тоше (6), 270 Стоименов Александар (3), 237 Јорданов Кристијан (4), 229 Јованов Филип (10), 75 Гацов Антонио (3), 69 Станојев Иван (2), 64 Стојановски Сашко (3), 50 Донев Борис (2), 45 Петровски Сашко (1), 24 Андонов Марио (1), 19 Пејов Љупчо (1).

МАНОВ  ТОШЕ  НАЈЕФИКАСЕН  ВО  ЕСЕНСКИОТ  ДЕЛ

На 11-те одиграни натпревари играчите на  „Осогово“ имаат постигнато 46 погодоци во кои се вклучени и добиените 3:0 со службен резултат против екипата на „Спартмани“. Инаку, вкупно седум играчи на „Осогово“ есеноска ја тресеа противничката мрежа.

Ранг листа на најефикасните: Манов Тоше 23, Дојчинов Јован 6, Крстов Христијан 5, Стоиловски Никола 4, Коцевски Андреј и Цветанов Драган по 2, Јованов Филип 1.

НЕДИСЦИПЛИНАТА  НА  МНОГУ  ВИСОКО  НИВО

Иако во екипата на „Осогово“ есеноска настапија и неколку искусни играчи  дисциплината не беше на завидно ниво. Во изминатите 11 кола 13 играчи на „Осогово“ заработија вкупни 29 жолти картони додека двајца поради црвен картон предвреме заминаа во соблекувалната.

Ранг листа на играчи кои заработија жолти картони: 7 – Стоиловски Никола, 3 – Ѓорѓиев Љубомир, Коцевски Андреј, Дојчинов Јован, 2 – Соколов Марко, Бојажиев Филип, Тренчев Стојанче, Манов Тоше, 1– Јорданов Кристијан, Ѓеоргиевски Филип, Стојанов Тоше, Јованов Филип, Донев Борис.

По еден црвен картон судиите им имаат покажано на Дојчинов Јован и Ѓорѓиев Љубомир.

Судиите на противничките играчи на 11 натпревари имаат покажано 24 жолти и 1 црвен картон.

Како и да е „Осогово“ зимата ќе ја помине на првата позиција со надеж дека таму ќе остане и по одигрувањето на 22-рото коло и дека повторно од следното првенство ќе настапува на второлигашката сцена.

С. Ивановски