Официјално дознаваме дека Зоран Тодоров пред еден час поднесе независна кандидатура за Градоначалник на Општина Кочани на претстојните Локални избори кои се закажани за 19 Октомври оваа година.
Зоран Тодоров е роден 1978 година во Кочани. економист, инаку долги години е гараѓански активист, основач е на здружението „Ротари Кочани-Виница“, „Воскресение“ и „Одбор за здрав живот“. Моментално го води и „Центарот за солидарност во Кочани“. По враќањето во Македонија работи во „Транспаренси Интернешнл“, „Охридска банка“ и сега е приватен стопанственик. Долги години важи за умерен во своите ставови и до сега има реализирано повеќе проекти од значење за заедницата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ