СОВЕТНИКОТ АКИ АКИОВ ЈАВНО МУ СЕ ИЗВИНИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

април 28, 2023
0 минути

Само неколку часа откако Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов побара јавно извинување од советникот Аки Акиов за како што наведе изречена груба клевета кон него, со јавно извинување се јави и спомнатиот советник Аки Акиов.

Во својата јавно извинување Акиов пишува: „Би сакал да изразам јавно извинување до Градоначалникот на општина Кочани
Љупчо Папазов во однос на изнесени квалификации на 06.04.2023 година  на Седницата на советот околу тендерите и парите беше кажано во популистички и политичка конотација.
Го изразувам јавното извнување до Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов за евентуални последици по угледот и честа на Љупчо Папазов. Се надевам дека ова мое
извнување ќе биде во целост прифатено“.

Со почит. Аки Акиов

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ