ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ШАМПИОНОТ ОДЛОЖЕН ЗА ПОСЛЕДНОТО КОЛО

мај 29, 2023
1 min read

За време на викендот се одиграа натпреварите од 21-то претпоследно коло во Прва Фудбалска лига за жени.

Девојчињата од Кочани по сигурната победа во минатото коло вчера во Македонска Каменица претрпеа убедлив пораз од еден од аспирантите за првото место „Каменица Саса“. „Рударките“ високо ја поразија екипата на „Кочани“ со резултат 12:0 (4:0), а како и „Љуботен“ славеше во Велес разликата од три бода помеѓу екипите од Тетово и Македонска Каменица останува  иста па во оследното коло по меѓусебниот дуел ќе се знае новиот шампион.

Резултати од 21-то коло:

„Каменица Саса“ – „Кочани“  12:0

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“  4:2

„Борец“ – „Љуботен“  0:8

„Шкендија“ – „Речица“  0:3

„СЦ Истатов“ – „Деспина“ 2:3

Слободна во ова коло беше екипата на „Скопје 2014“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ