ДЕПОНИЈА ПОБЕСНЕТА, ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛИ СЕ ГУШАТ ОД ГУСТИОТ ЧАД

јуни 2, 2023
1 минути

Градската депонија е побеснета, така барем стои во реакцијата на жителите од селото Бели кои цел дена мака мачат со густиот чад а еве сега во вечерните часови како што јавуваат во селото како да паднала најгустата магла ништо не се гледа.

Бараат чаре од надлежните и повикуваат да се веднаш интервенира бидејќи депонијата на неколку места гори и исфрла непријатна миризба и чад.

Со години оваа депонија е проблем но како што беше заклучено неколкупати главен предизвикувач на нејзиното палење е човечкиот фактор.

Време е некој да им помогне на тие луѓе.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ