ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР БОРАЧ НА 23. ИЗДАНИЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“

Во Спорт
јуни 4, 2023
1 минути

Во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ во Кочани се одржа 23-тото издание на Меморијалниот меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак“ кој за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

На турнирот се појавија 86 борачи од боречките клубови од Македонија (Спартак, Бучим, Балканец, Бучим шампиони, Борец, Негорино, Вардар 1961, Киро Ристов, Шкупи, Лирија, Тефијус, Чаир) и од Република Бугарија (Беласица).

Борачите на „Спартак“ настапија со 20 борачи во машка и женска конкуренција и освоија 10 медали, од кои: 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Златните медали ги освоија: Славица Митева (44 кгр), Стојана Митева (50 кгр), Иле Иванов (44 кгр) Даријан Павлев (58 кгр), и Филип Ангелов (70 кгр).

Освојувачи на сребрените медали се Марија Нисева (50 кгр) и Лазар Ангелов (30 кгр), додека бронзените медали ги понесоа борачите: Едис Билалов (35 кгр), Џан Салиов (46 кгр) и Христијан Димитриев (70 кгр).

На крајот беа прогласени и најуспешните:

За најдобар борач на турнирот е прогласен Даријан Павлев од екипата на „Спартак“ кој сите свои противници до финалето ги совлада со резултат 10:0 а финалистот го совлада со туш.

За најдобар домашен борач е прогласен Иле Иванов (Спартак)

За најдобар странски борач е прогласен Денислав Тилев (Беласица – Република Бугарија).

„Мислам дека организиравме еден добар турнир на кој се појавија плејада млади но доста надежни борачи. Би сакал да упатам една голема блад=годарност до сите клубови учесници на турнирот како од Македонија така и од соседна Република Бугарија. Турнирот немаше да биде вака организиран доколку не ни помогнеа Боречката Федерација на Македонија, општина Кочани, како и компаниите од бизнис секторот Амфенол, Копро, М кеш, Винчини, Уникс Кидс, Антура, Ауто Велт, Европа 92, шери, Интернационал спид, Евроинс ТиМ Штип, ресторан Пролет. Довидување до следната година и новото издание на легендите на Спартак“ изјави претседателот на БК „Спартак“ Зоран Сребренов по завршување на турнирот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ