НОВА ДОНАЦИЈА ОД КОМПАНИЈАТА „АНТУРА МК“, ДОНИРАНА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

декември 1, 2021
1 min read

Компанијата „Антура МК“ не престанува со донациите кога се во прашање граѓаните на Кочани.

Денес вработени од компанијата „Антура МК“ во рамките на својата општествената одговорност на ООУ „Никола Карев“ му донираа информатичка технологија.

Донацијата која денес им беше врачена на вработените во ООУ „Никола Карев“ во Кочани се состои од 20 таблет – компјутери и еден саундбар-систем.

Изразувајќи голема благодарност за донираната опрема, директорот на ООУ „Никола Карев“ Билјана Петрова рече: „Голема благодарност до компанијата „Антура“ која традицијата за донирање ја продолжува и оваа година. Дел од таблетите ќе бидат наменети за новата концепција на образование од 1 и 4 одделение, а другиот дел  за социјално ранливите категории на деца од нашето училиште“.

По чинот на свечено предавање на опремата Емилија Ѓоргиева претставник на компанијата „Антура МК“ истакна: „Антура МК“ продолужва да ги следи досега воспоставените принципи на помагање на општеството, односно на општината во која работиме и како една од своите инвестициски цели е и потпомагање на социјално ранливите категории на граѓани затоа што за нас како компанија луѓето се пред се. Така денес „Антура МК“ уште еднаш се вклучи со донација, овој пат во ООУ „Никола Карев“ во кое дониравме 20 таблет компјутери и еден саундбар систем. Се надеваме дека оваа донација ќе го подобри образовниот процес во ова училиште“.

С. Ивановски