ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ СО ДВАЕСЕТ И ЕДЕН СТУДЕНТ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 23, 2021
1 минути

Студентите од јавните високошколски установи во нашата држава, што ќе користат стипендии за студиската 2021/22 година, ги потпишаа договорите со Општина Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов им посака успех во натамошното школување посочувајќи ја нивната важност како образовани кадри, подготвени за пазарот на трудот.

Годинешниот Конкурс беше распишан за 30 стипендии на редовни студенти, жители на Општина Кочани, запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија и тоа: 5 стипендии за студенти од Ромската етничка заедница, 10 за студенти од социјално загрозени семејства, 5 стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

„На конкурсот беа пријавени 23 студенти, а од нив само двајца не ги исполнуваа условите. Општина Кочани и понатаму ќе продолжи да ги проширува стипендиите за други категории и да ги зголемува доколку има можност. Ги следиме потребите и барањата на младите“ истакна Голубинка Гeоргиева, раководител на Oдделение за јавни дејности.

Oпштинска стипендија изнесува 3.000 ден. И истата ќе се доделува во текот на десет месеци.

С. Ивановски