ЗАТРУПАНИТЕ ОДВОДИ ЗА ВОДА ЕДЕН ОД ПРОБЛЕМИТЕ НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

јуни 22, 2023
0 min read

Дождовите кои продолжуваат во континуитет овие два месеци уште еднаш го отворија проблемот на дел од улицата „Димитар Влахов“ веднаш спроти дуќанот „Штил“.

Имено пред две години овде се изведуваа одредено градежни активности но тогаш едноставно се затрупаа одводите за вода па сега кога има дожд луѓето кои минуваат на овој потег а и самите сопственици на блиските дуќанчиња со право реагираат.

„Гледате и самите какви езерца се формираат. Водата не може никаде да помине бидејќи погледнете ги страничните отвори за одвод на вода како се забетонирани. Ние сме на платото кај дел од трговскиот центар но нашите муштерии често доаѓаат кај нас со реакција бидејќи несовесни возачи поради поголемата брзина од досолената со млазови на вода народно кажано ги бањаат“ се пожали еден од сопствениците на дуќаните од платото на трговскиот центар.

Од сопсвениците на дуќаните од десната страна на улицата побаравме одговор за овој проблем но нивниот одговор беше краток и мошне јасен „Сами гледате што е и како е на овој дожд па секој наш коментар е залуден. Неколкупати побаравме овој проблем да се реши но се остана на ветување“.

И навистина, овој проблем оние што го направиле треба да го решат за да биде подобро за сите.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ