ПЕРО ГОРГИЕВСКИ ГО ПОТПИША МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА В.Д. ДИРЕКТОР ВО КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

август 9, 2023
1 минути

Она што порталот komarec.com.mk го најави пред десетина дена, денес финишираше.

Досегашниот советник во Советот на Општина Кочани Перо Горгиевски денес го потпиша менаџерскиот договор за назначување на в.д. директор во КЈП „Водовод“ – Кочани.

Горгиевски во КЈП „Водовод“ – Кочани  доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Антонио Паунов.

Пред Горгиевски е голем предизвик, постојаното испуштање чад од депонијата, не завршувањето на започнатите работи по улиците, решавањето на проблемот со сметот и низ други недостатоци ќе бидат главната задача истите да ги отстрани.

Се очекува кој од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ќе го наследи Перо Горгиевски во Советот на Општина Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ