АД ПОШТА ПОДРУЖНИЦА КОЧАНИ ЗАПОЧНА СО ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ НА ДОМАШНА АДРЕСА

февруари 25, 2022
1 минути

Почитувани пензионери

АД Пошта на Северна Македонија Подружница Кочани започнува со исплата на пензии на домашна адреса за сите кои имаат склучено договор со Халк Банка и НЛБ Тутунска Банка.

Основен мотив за оваа кампања е зголемување на соработката со пензионерите и враќање на традицијата кога реонските пошторазнесувачи ја доставуваа пензијата на домашна адреса. На овој начин ке придонесеме да не се изложуваат на непријатно чекање во редици пред банките,со што директно ке влијаеме на заштита на нивното здравје и безбедност, и секако навремена и сигурна исплата на пензијата.

Вработените во Подружница Кочани во чија надлежност се 19 единици на поштенска мрежа од општините Кочани,Чешиново-Облешево,Зрновци,Виница,Мак.Каменица,Берово,Пехчево и Делчево подготвени се во детали да им појаснат и да ги информираат пензионерите за начинот на користење на услугата за доставување на пензија на домашна адреса.

Истовремено максимално сме ангажирани во секој сегмент од поштенското работење да им помогнеме на пензионерите,со нашето секојдневно присуство на терен на нашите пошторазнесувачи во урбаните и руралните средини.

Со почит

АД. Пошта на Северна Македонија

Подружница ЦРПС- Кочани