ПОРАДИ АГРЕСИВНО ПОПРЕЧУВАЊЕ КОН ТРУДОВ ИНСПЕКТОР ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ЗАДАЧА, КОЧАНЧАНЕЦ ЗАРАБОТИЛ ПРИЈАВА

август 9, 2023
0 минути

На 08.08.2023 во 15.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот во фирмата, каде што е одговорно лице, агресивно се однесувал и попречувал трудов инспектор при извршување службени задачи.

Според пријавеното, откако инспекторот констатирал прекршок во фирмата, К.Ѓ. почнал агресивно да се однесува кон него и го избркал од просториите на фирмата.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение  од  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ