ШТО ДА СЕ КАЖЕ КОГА ЌЕ СЕ ПОГЛЕДНАТ ФОТОГРАФИИТЕ?

август 9, 2023
0 минути

Среда, 22:05 часот, Градски Трговски центар – Кочани. Фотографиите јасно покажуваат како и деца се изживуваат на општествениот имот поставен да се собира сметот, а нема кој да ги опомене не пак да ги повика Нивните родители на информативен  разговор.

Ниту полицијата е присутна, ниту пак граѓаните иако сето ова го гледаат не се занимаваат бидејќи ова се веќе секојдневни сцени.

Што да се каже после сето ова, децата имаат права загарантирани со закон а дали има закон според кој се предвидени обврските на децата, е прашањето на кое одговор треба да дадат политичарите.

За жал такво нешто ниту има, ниту некогаш некој ќе предвиде.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ