ВОЛКОТ МОЖЕБИ ЌЕ ГО СМЕНИ КАРАКТЕРОТ, АМА НЕКОИ ЛУЃЕ, ТЕШКО

јуни 26, 2026
0 минути

Дали со природна, дали со вештачка интелигенција лесно може да се случи волкот да го промени карактерот, но на некои т.н. луѓе не можат да им помагаат ниту две вештачки интелигенции за да си го сменат и карактерот и навиките.

Изминатите денови совесни сограѓани успеале да го соберат речиси сиот расфрлан смет во горното течение на „Кочанска река“. Го собрале во кеси, убаво ги затвориле и ги ставиле на место достапно каде ќе можат комуналците да ги соберат или кога тие ќе дојдат со возила истото да го направат.

И само еден ден подоцна некои ајде да ги наречеме несовесни сограѓани, седнале испиле некое пиво и празните шишиња наместо да ги стават во кеси, ги оставиле на масата под стреата за одмор да дојде некој друг да ги собере.

Што е многу, многу е.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ