ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ОДЛУЧИ ПРИСУСТВО НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ ЗА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

август 10, 2023
0 минути

Иницијативниот Одбор на Здружението на пензионери на Општина Кочани за линеарно покачување на пензиите одржа ,состанок на кој беа договорени следните активности.

Како прва приоритетна активност која едногласно беше прифатена е присуство на пензионерите од Општина Кочани на закажаниот заеднички протест на сите пензионерски друштва од Македонија кој треба да се одржи на 14 Август (Понеделник) во Скопје.

Беше покрената иницијатива да се побараат средства за обезбедување на еден автобус за превоз до Скопје и назад чии трошоци ќе ги покрие  Здружението на пензионери на Општина Кочани.

Околу времето и местото за поаѓање на протестот дополнително ќе биде доставена информација.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ