Десетина дена пред стартот на првенствените натпревари во Трета Фудбалска Лига – исток, денес во нејзиното седиште во Кочани членови на Комисијата за едукација при ФФМ Марјан Кировски и Драган Стојановски одржаа семинар а беше спроведено и полагање за судиите, делегатите и контролорите. Судиите ги полагаа писмениот дел и физичките норми, а делегатите и контролорите писмениот дел.
На крајот членот на Комшијата за едукација при ФФМ Марјан Кировски одржа предавање на кое ги запозна судиите и службените лица со новите правила, односно со дел од измените во однос на претходната година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ