Денес во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви со што се направи распоредот на натпреварите во Втората Фудбалска Лига за сезоната 2026/2027 година.
„Осогово“ во првото коло и гостува на „Беласица“ во Струмица а првиот натпревар како домаќин ќе го одигра во третото коло кога во Кочани гостува екипата на „Новаци“.
Лигата од оваа година брои 14 клубови, два помалку од минатото првенство.
Двојки од првото коло:
Беласица – Осогово
Пелистер – Камјани
Брера – Еуромилк
Македонија ГП – Тетекс
Работнички – Кожуф
Шкупи – Детонит Плачковица
Охрид – Новаци
Првото коло е закажано за 15 Август.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
