Иако се незадоволни од резултатите на „Осогово“ во првите четири кола кога се забележани и четири порази, сепак навивачката група „Сејмени“ не им свртуваат грб на нивните миленици, напротив како што истакнуваат тие повикуваат на масовна мобилизација за натпреварот од петтото кога во сабота на стадионот „Никола Мантов“ гостува екипата на „Охрид.
Во Соопштението се вели:
„Иако не сме задоволни од играта и резултатите на нашето Осогово по првите четири кола, ние навивачката група Сејмени повикуваме за саботниот натпревар против Охрид на масовност, односно ги повикуваме сите стари, сегашни и идни членови на групата на натпреварот против Охрид да се мобилизираме и во што поголем број бидеме на источната трибина на стадионот Никола Мантов. Уверени сме дека нашиот глас ќе биде ветерот во грб на нашите играчи и заеднички ќе ја прославиме првата годинешна второлигашка победа. Со нашата масовна присутност и навивањето за време на целиот натпревар ние уште еднаш јавно ќе ја искажеме нашата љубов и поддршка кон клубот што го сакаме. Гарантираме дека во сабота 90 минути иако сме на трибините ќе биде со нашите играчи долу на теренот. Очекуваме тие да ни возвратат со голема борбеност и добра игра и на крајот сите да се радуваме. Спремни за Осогово секогаш и секаде. Аванти Осогово“.
Собирот на Сејмени е закажан за во 14:00 часот во старата база, во „Паркот на Револуцијата“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ