Во Сабота и официјално се крева завесата во Втора Фудбалска Лига за жени.
За првите две места од кои првиот директно влегува во Првата Фудбалска Лига за жени а второпласираниот игра бараж натпревар ќе се борат осум екипи меѓу кои и минатогодишните прволигаши и некогашни шампиони „Кочани“ и „Борец“ од Велес.
Екипата на „Кочани“ во првото коло ќе биде домаќин на „Порече“ но натпреварот ќе се игра во Виница со почеток во 12:00 часот бидејќи истиот ден „Осогово“ како домаќин во рамките на Втората Фудбалска Лига ја пречекува екипата на Охрид.
Двојки за првото коло:
„Кочани“ – „Порече“
„Билјанини извори“ – „Вардар“
„„Борец“ – „Победа“ (Валандово)
„Атлетико“ – „Плачковица“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ