БОРЕЊЕ, ДВЕ МЕДАЛИ ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА НА ТУРНИРОТ ВО РАДОВИШ

Во Спорт
ноември 26, 2022
1 минути

Во организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа Меѓународен турнир „Трофеј шампиони – борачки легенди“.

Боречкиот клуб „Спартак“ од кочани на турнирот учествуваше со борачи во машка и во женска конкуренција.

Единствените две медали ги освоија девојчињата додека момчињата во своите категории се пласираа сите на петто место.

Генерација 2009/2010 – (девојчиња)

Славица Митева – II место, категорија до 50 килограми;

Стојана Митева  – III место, категорија до 50 килограми.

Генерација 2007/2008 (момчиња)

Јован Илиев  – V место, категорија до 44 килограми

Генерација 2010/2011 (момчиња)

Мартин Цветанов  – V место, категорија до 41 килограм

Генерација 2012.2013 (момчиња)

Христијан Стоилов  – V место, категорија до 35 килограми.

С.  Ивановски