Со натпреварувања и културно-забавна програма ДПД (Доброволното Противпожарно Друштво) од Кочани го прослави својот втори роденден.
Во натпреварувачкиот дел Доброволните противпожарни друштва „Сашо Гешовски“ (Кавадарци), „Саса“ (Македонска Каменица), „Петроварадин“ (Нови Сад – Република Србија) и Марчана“ (Република Хрватска) се натпреваруваа на три локации и четири полигони.
Учениците од петите одделенија од основните училишта од Општините: Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево се натпреваруваа на мини олимпијада во „Паркот на Револуцијата“.
Во културно-забавниот дел учествуваа: ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“, дечињата од детската градинка „Павлина Вељанова“ и приватната детска градинка „Амичи“, како и АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани, „Енерџи фит клуб“, „Трио Манов“ и ДЈ „Буби Тасев“.
На крајот од манифестацијата беа прогласени и најуспешните во сениорска конкуренција од натпреварувачкиот дел. Првото место им припадна на гостите од „Петроварадин“ (Нови Сад), второто место го освоија членовите од ДПД „Сашо Гешовски“ од Кавадарци а „Саса“ од Македонска Каменица беше третопласирана.
Убава идеја, добра реализација.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ