ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ – ОРИЗАРИ, НОВОГОДИШЕН БАЗАР

декември 27, 2023
0 минути

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари  со богата културно уметничка програма  ја испратија старата и ја пречекаа новата година.

Во холот  на училиштето но и во училишниот двор се одржа традиционалниот  базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки.

Преку вештите раце на децата а со помош на наставниците и родителите изложените експонати беа вистинско задоволство за присутните.

Училиштето беше преполно со родители и ученици кои си купија од рачните изработки.

Учениците од шесто до деветто одделение пак надвор во училишниот двор гостите ги угостија со  чајче и новогодишни колачиња.

На базарот му претходеа работилници на кои учествуваа родителите и учениците и ги направија сите изработки кои ги продаваа на штандовите.

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ