Денес Делегација на ЛЕВИЦА Кочани и ЦРВЕНА МЛАДИНА Кочани го чествуваат – Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ ,,11 Октомври “— државен празник на Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Нека ни е среќен празникот.
Левица – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ